Караман-легендата от балканите!
Запазването на македонското овчарско куче-Караман е дело на братята Влатко Костовски и Мариан Костовски.През 2004 г. те издават "македонско овчарско куче -Караман" в която е обявен първия стандарт на породата.Според авторите Караман е митичното куче на древните македонци.
На карта на Македония изработена от италианеца Винченцо Корнели на която са начертани два герба на Македония.На единият е показано черно куче,а на другия исправена вослка тояга с два рога.Авторат написал ,че герба с кучето бил герб преди Александър трети,а герба с рогата след това.Според авторите това е кучето Караман.
Център за обучение на кучета К-9
Описание
Македонското овчарско куче Караман главно се користи за заштита на стада и на имот. Телото на караманот е правоаголно. Должината на телото кај мажјаците е за 9-11%, а кај женките за 11-13% поголема од височината на гребенот. Длабочината на градите е 40% од височината на гребенот. Соодносот меѓу устата и черепниот дел е, кај мажјаците 37:63%, а кај женките 38:62%.
Характер
Караман е недоверчив към непознати,мирен и търпелив,дружелюбен с децата -той е храбро и остро куче.
Глава
- Челен дел: Умерено испапчен и малку заоблен. Поставеноста на линиите на муцката и на черепот е дивергентна, додека горниот дел е рамен.
- Череп: Черепот е средно широк, месоцефален. Според обликот, суперцелијарните гребени се малку засводени и благо изразени. На средината на черепот има слабо изразена челна бразда која се забележува до средината на черепот, а присутна е и тилна џумка
- Уста: Просечната должина на устата во однос на черепниот дел за мажјаците е 37:63%, а кај женките е 38:62%. Устата е широка и длабока. Носникот е рамен со јасно изразена носна печурка. Долната вилица е рамна, а кожата е затегната. Во основата е широка, а кон врвот благо се стеснува.
- Усни: Цврсто се прилепени на вилицата. Средно се дебели, а горната усна е поширока и преминува преку долната. Исклучиво се црно пигментирани.
- Заби: Во профил, долната вилица е рамна и дивергентна во однос на линијата на носникот. Забите се големи, бели и правилно подредени. Забалото пожелно е да биде ножичасто, но дозволено е и клештасто, а секачите од горната челуст се преклопуваат и преминуваат со својата внатрешна страна преку забите на долната челуст.
- Очи: Правилно се всадени во очната шуплина, ниту длабоко всадени, ниту испакнати. Имаат форма на бадем, а медијаните агли се малку пониско од латералните. Бојата им е од светло пченична, до темно костенлива и даваат смирен впечаток. Очните капаци се прилепени, а очните рабови се црно пигментирани.
- Уши: Поставени се средно високо, висечки се и прилепени. Имаат облик на латиничната буква В (V), а според големината се средно долги.
- Врат: Горната линија е рамна и е благо искосена од околу 30 степени во однос на линијата на грбот. Умерено е долг, рамен е и широк и добро е поврзан со трупот и со главата. Мускулест е а кожата е затегната, припиена и без фанон.
Тело
- Горна линија: Горната линија е рамна, права и незначително се издига од гребенот кон сапите.
- Гребен: Благо е издигнат, доволно широк и добро е поврзан со вратот.
- Грб: Долг е, широк и рамен, со мускулест слабински дел.
- Сапи: Средно се долги, широки, благо се искосени и мускулести.
- Труп: Горната линија благо се издига од гребенот, па завршува со благо искосени сапи. Долната линија постепено се издига од градите кон стомакот. По облик е правоаголен и долната линија е благо искосена. Во однос на височината на гребенот, во просек подолг е за 9-11% кај мажјаците и за 11-13% кај женките. Средно е широк и мускулест.
- Гради: Долги, широки, длабоки, широко поставени, а ребрата се еластични.
- Стомак : Контурите на долната линија продолжуваат во иста линија со градната коска, додека стомакот е прибран.
- Опаш: Поставен е во продожение на линијата на сапите, има облик на прстен, испружен допира до скочниот зглоб. Средно е дебел. Врвот на опашот често е свиткан во форма на ченгелче. Обраснат е со густи влакна. При движење го носи свиткан над грбната линија, додека во мирување е спуштен.
Екстремитети
- Рамо: Умерено е долго, заоблено и со развиена мускулатура. Аголот меѓу лопатката и рамената коска е околу 100-110 степени.
- Надлактица : Две третини од нејзината должина се прилепени до телото, има развиена мускулатура и зафаќа агол од 60 степени во однос на хоризонталата.
- Лакт: Лактот е правилно поставен и прилепен до градниот кош. Се наоѓа малку повисоко од средината на линијата на височината на гребенот. Аголот на лактот е околу 150 степени.
- Подлактица: По должина е околу 40% од вкупната височина на гребенот. Има развиена мускуност, додека коската е права и доста силна.
- Карпус: Широк е и средно дебел.
- Метакрпус: Умерено долг, широк и незначително искосен.
- Шепа: Има лажичест облик и е средно голема. Прстите се збиени. Ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и задолжително црни.
- Бут: Умерено долг. Правилно е поставен, има силно развиени мускули и е умерено широк.
- Колено: Цврсто е широко и силно. Аголот на коленичниот зглоб е околу 120 степени.
- Потколеница: Долга е и косо поставена. Има развиена мускулатура, а коската е стрмна и доста силна.
- Скочен зглоб: Широк, силен и цврст и има агол од околу 140 степени.
- Задно дошепје: Умерено е долго, широко и со блага искосеност, пострмна од дошепјето на предните нозе.
- Задно стапало: Има лажичест облик, големо е, прстите се збиени и цврсти, ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и исклучиво црни.
Движење
- Кожа: Средно дебела, затегната, нема набори, а видливите слузокожи се исклучиво црно пигментирани.
- Крзно: Должината на влакната на гребенот е околу 10 см. Во однос на влакната на трупот, влакната на задниот дел на бутовите, на вратот и на опашот се подолги, додека на главата и на предните делови на нозете се кратки. Има груба текстира. Крзното е средно-дебело, а подвлакното е густо.
- Боја: Бојата е црна, црна со кафеави нијанси, или црна со палежи. Белини се дозволени на градите, како и до лактите на предните нозе, на шепите на задноте нозе и на самиот врв на опашот. На белиот фон дозволени се и црни дамки.
- Висина и тежина: Мажјаците се високи од 65-75 см., а женките од 58-68 см. За мажјаците просечната тежина е 45 кг., а за женките 40 кг.
Грешки
- Лесни мани: Тркалезни очи, поголеми белини од дозволеното, зајачки шепи, тесен и плиток граден кош, несразмерност на височината на гребенот со должината на трупот, конвексен или конкавен грб, вроден недостаток на заб, клештасто забало, премногу кратко или предолго влакно, фанони,.
- Тешки мани: Икс-став или О-став на нозете, многу стрни сапи, ниско всаден опаш, олабавен прав опаш, неразвиени песјаци, нежен костур со недоволно развиена мускулатура, недоволно широк череп, долга и тенка муцка, олабавеност на кожата, депигментација на видливите слузокожи.
- Дисквалификациони мани: Нетипична боја за расата, предгризач или подгризач, плашливост, лимфатична конструкција, како и сите видливи отстапувања од стандардот.